Monday, November 17, 2008

Еве една интересна алатка која може да ја користите за подсредување на компјутерите:

http://www.iobit.com/advancedwindowscareper.html

Tuesday, October 28, 2008

Информација во врска со порталот

Деновите стигнаа неколку прашања и коментари во врска со порталот www.schools.edu.mk и би сакал со Вас да ги споделам следниве информации:
Порталот во моментов е нефункционален поради тоа што истиот физички се преместува од една на друга локација. По пренесување на порталот во просториите на МОН ќе се овозможи истиот да функионира подобро и секогаш да биде онлине.
Се надевам дека колегите од МОН набрзо ќе завршат со преселбата на серверите и порталот повторно ќе биде достапен.

Friday, October 24, 2008

Започна Фаза 2

Задоволство ми е да Ве информирам дека започна втората фаза од имплементацијата а УТТП програмата. Со втората фаза ќе бидат опфатени преостанатите училишта во Република Македонија.
Обуките ќе траат од од 1 Октомври до 31 Ноември а ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за деловна соработка (ЦДС).

Friday, July 11, 2008

Дипломите се разнесоа!

Здраво на сите и Би благодарам што навреме ги испративте имињата на учениците кои беа членови на тимот.

Во моментов се работи на изработка на плановите за училиштата за втората фаза.
Доколку имате било какви идеи кои би сакале да ги воведеме, слободно пишете.
Во блиска иднина ќе има прирачници за Линух, како и неколку друг вид на ресури кои ќе ви бидат од огромна помош.

Пријатен одмор и се гледаме во Септември.

Wednesday, May 14, 2008

ВАЖНО!!!!

Постигнат е договор со МОН во врска со дипломите за осмооделенците кои се членови на УТТП.
Ве молам најкасно до 5ти Јуни да ни испратите листа со имињата на сите осмооделенци членови на тимот како би можеле да обезбедиме дипломи за истите.
Доколку имињата не бидат доставени до 5ти Јуни, нема да бидеме во можност да обезбедиме дипломи за учениците.

Monday, January 28, 2008

Попуст за Он Нет интернет

Здраво на сите!

Како што ветивме на почетокот, полека но сигурно обезбедуваме бенефиции за сите ученици членови на УТТП.

Нашиот партнер, Он Нет , за сите ученици членови на Тимовите за техничка поддршка кои ќе станат нови претплатници обезбедува 20% попуст за услугата WADSL интернет.

Се што треба е да го пополните формулатор за инсталација, и истиот да го заверите со училишен печат. Со тоа, училиштето потврдува дека сте член на Ученичките тимови за техничка поддршка.
Доколку сакате да го добиете формулатор, Ве молам контактирајте ме по е-маил.
pnikoloskiATpep.org.mk