Tuesday, October 28, 2008

Информација во врска со порталот

Деновите стигнаа неколку прашања и коментари во врска со порталот www.schools.edu.mk и би сакал со Вас да ги споделам следниве информации:
Порталот во моментов е нефункционален поради тоа што истиот физички се преместува од една на друга локација. По пренесување на порталот во просториите на МОН ќе се овозможи истиот да функионира подобро и секогаш да биде онлине.
Се надевам дека колегите од МОН набрзо ќе завршат со преселбата на серверите и порталот повторно ќе биде достапен.

Friday, October 24, 2008

Започна Фаза 2

Задоволство ми е да Ве информирам дека започна втората фаза од имплементацијата а УТТП програмата. Со втората фаза ќе бидат опфатени преостанатите училишта во Република Македонија.
Обуките ќе траат од од 1 Октомври до 31 Ноември а ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за деловна соработка (ЦДС).