Thursday, May 6, 2010

Време е за дипломи

Сите наставници кои имаат ученици-членови на УТТП кои оваа година ќе завршат осмо одделение, може да ми испратат листа со имиња на ict@pep.org.mk најдоцна до 15 мај 2010 како би можеле да ги дистрибуираме дипломите на време.

За сите оние имиња кои ќе ги добиеме после наведениот рок неможе да гарантираме дека дипломите ќе стасаат навреме.

Thursday, September 10, 2009

УТТП се сели на Facebook. Одсега може да не најдете тука


Pozdrav i se gledame na facakniga!!

Monday, May 4, 2009

Време е за сертификација

Здраво на сите,
Со оглед на тоа што се ближи крајот на учебната година, сакам да ги повикам сите училишта во кои Ученичките тимови за техничка поддршка активно работата, до УСАИД Проектот за основно образование испратат листа на ученици-членови кои оваа година ќе завршат осмо одделение. Со цел на учениците навреме да им ги испратиме дипломите, Ве молиме, листите со имиња, заверени со училишен печат и потпис на директорот да ги испратите најдоцна до 25 мај на адреса:

УСАИД Проект за основно образование
(ИКТ компонента)
Букурешка 91
1000 Скопје.

Доколку до 25 Мај не добиеме листа со имиња, нема да може да издадеме сертификати.

Friday, January 16, 2009

Среќна нова година

Среќна нова 2009-та година на сите членови на УТТП и ви посакуваме се најдобро.
Обуките за втората фаза на училишта кои влегоа во УТТП програмата заврши и со тоа официјално може да кажеме дека сите основни училишта во Македонија ја имаат поминато програмата за формирање и работа на Ученички Тимови за Техничка Поддршка.

Со оглед на тоа што компјутеризацијата на училиштата со тенки клиенти кои работат на Ликукс е во тек, би сакал да Ве информирам дека во ПЕП правиме напори да развиеме материјали кои би им биле од корист на членовите на тимовите при работа и одржување на овие компјутерски системи.

Во меѓувреме, Ве молам информирајте ме за тоа како се одвива компјутеризацијата во Вашето училиште

Monday, November 17, 2008

Еве една интересна алатка која може да ја користите за подсредување на компјутерите:

http://www.iobit.com/advancedwindowscareper.html

Tuesday, October 28, 2008

Информација во врска со порталот

Деновите стигнаа неколку прашања и коментари во врска со порталот www.schools.edu.mk и би сакал со Вас да ги споделам следниве информации:
Порталот во моментов е нефункционален поради тоа што истиот физички се преместува од една на друга локација. По пренесување на порталот во просториите на МОН ќе се овозможи истиот да функионира подобро и секогаш да биде онлине.
Се надевам дека колегите од МОН набрзо ќе завршат со преселбата на серверите и порталот повторно ќе биде достапен.

Friday, October 24, 2008

Започна Фаза 2

Задоволство ми е да Ве информирам дека започна втората фаза од имплементацијата а УТТП програмата. Со втората фаза ќе бидат опфатени преостанатите училишта во Република Македонија.
Обуките ќе траат од од 1 Октомври до 31 Ноември а ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за деловна соработка (ЦДС).