Friday, January 16, 2009

Среќна нова година

Среќна нова 2009-та година на сите членови на УТТП и ви посакуваме се најдобро.
Обуките за втората фаза на училишта кои влегоа во УТТП програмата заврши и со тоа официјално може да кажеме дека сите основни училишта во Македонија ја имаат поминато програмата за формирање и работа на Ученички Тимови за Техничка Поддршка.

Со оглед на тоа што компјутеризацијата на училиштата со тенки клиенти кои работат на Ликукс е во тек, би сакал да Ве информирам дека во ПЕП правиме напори да развиеме материјали кои би им биле од корист на членовите на тимовите при работа и одржување на овие компјутерски системи.

Во меѓувреме, Ве молам информирајте ме за тоа како се одвива компјутеризацијата во Вашето училиште

3 comments:

Anonymous said...

На 20.01.2009 година УТТП од ОУ Гоце Делчев од Демир Хисар го одбележа започнувањето на второто полугодие со промовирање на брошурата "Добредојдовте во Демир Хисар".

Ученичкиот тим за техничка поддршка во ОУ "Гоце Делчев" активно се вклучија како истражувачи на историското минато и природните богатства и убавини на општина Демир Хисар, во нивното забележување, пишување и составување на брошурата "Добредојдовте во Демир Хисар", која е испечатена во 2000 македонски и 500 англиски примероци.


1000 македонски и 400 англиски копии ќе бидат доделени на општина Демир Хисар, со цел да се употребат за презентирање и промовирање на нашата општина на посетители и потенцијални туристи, а 1000 македонски и 100 англиски копии ќе им бидат дадени на основните училишта од нашата општина и на нивните учениците со цел за подобро запознавање на својот роден крај.

Со тоа во основните училишта ќе се подобри поучувањето за локалната историја и потенцијалите што опшина Демир Хисар ги има за развоја на туризмот, како дел од наставниот план и програма.

За општината ќе се помогне да се збогати промотивниот материјал, а со тоа да се унапреди и подобри нејзината туристичката посетеност.

Во неа можете да најдете многу информации за Демир Хисар, селата и местата што можете да ги разгледате, туристички патувања, историски и културни споменици и други места каде може да уживате и да ја почуствувате недопрената природа.

Petar said...

Благодарам за информацијата. Дали ке може да ми пратите по еден примерок од тоа сто имате изработено како би можеле Вашите активности да ги афирмираме и преку нашите е-вести?

Anonymous said...

прати ми ја адресата каде да ги испратам брошурите (godun@t-home.mk) и веднаш ке ти ги испратам.

Горан Костовски