Monday, May 4, 2009

Време е за сертификација

Здраво на сите,
Со оглед на тоа што се ближи крајот на учебната година, сакам да ги повикам сите училишта во кои Ученичките тимови за техничка поддршка активно работата, до УСАИД Проектот за основно образование испратат листа на ученици-членови кои оваа година ќе завршат осмо одделение. Со цел на учениците навреме да им ги испратиме дипломите, Ве молиме, листите со имиња, заверени со училишен печат и потпис на директорот да ги испратите најдоцна до 25 мај на адреса:

УСАИД Проект за основно образование
(ИКТ компонента)
Букурешка 91
1000 Скопје.

Доколку до 25 Мај не добиеме листа со имиња, нема да може да издадеме сертификати.

4 comments:

Anonymous said...

Оваа информација за сертификација ќе беше подобра ако ја добиевме како е-mail. Јас со УТТП имавме плодна година со работа на повеќе проекти, со видливи резултати кои ќе останат за идните генерации, и ќе биде неправедно ако тие не добијат сертификати. Ќе ве молам за продолжување на рокот од 25 мај за да можеме да Ви ги испратиме листите со имиња на учениците од 8 одд.

Горан Костовски
ОУ "Гоце Делчев" Демир Хисар

Petar said...

Здраво Горан,
Наставниците беа известени за УТТП дипломите и прекѕ е-вестите на ПЕП кои беа испратени по електронска пошта до сите училишта во Македонија. Ве молам испратете ми ја листата на вашите ученици што е можно поскоро по е-маил.

Anonymous said...

Дали сертификатите за УТТП се доставуваат до училиштата? Дали ќе ги добиеме до крајот на учебната година?

Petar said...

Сертификатите вчера беа пратени до училиштата. Се надевам дека ги добивте.